Одлуката за забрана за организиран превоз од Тетово кон соседните општини и обратно се уште е на сила

Одлуката за забрана за оргнизиран превоз од Тетово кон соседните општини и обратно се уште е на сила. Луѓето од тетовските рурални општини во време на економска криза поради состојбата со короната, мора да се изложат на дополнителни трошоци за да стигнат до Тетово.

Најтешко им е на тие кои немаат свое возило, одат во градот само за итни потреби.Откако е укинат организираниот комби превоз мора да одиме до град со такси компаниите,  со што дополнително се изложуваме на трошоци во време на економска криза поради состојбата со короната.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вели дека по втор пат пратила барање да се укине организираниот превоз. Очекува позитивен одговор деновиве.

И од Централниот кризен штаб се надеваат дека владата ќе ја укине забраната за организиран превоз со постепено олабавување на мерките против КОВИД 19 .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!