Одржана меѓународна научна конференција на УЈИЕ
На Универзитетот на Југоисточна Европа во присуство на странски експерти беше одржана шестата меѓународна научна конференција за бизнис и економија. На конференцијата акцент беше ставен на областите релевантни за современите деловни и економски прашања.
Денес на Универзитетот на Југоисточна Европа во присуство на странски експерти беше одржана шестата меѓународна научна конференција за бизнис и економија со наслов „Економско опоравување, консолидација и одржлив раст: кризни докази, дебата и перспективи“. На конференцијата акцент беше ставен на областите релевантни за современите деловни и економски прашања како што се економските шокови, високата инфлација, енергетската криза, пазарот на труд, миграцијата, родовата нееднаквост и слично.
На конференцијата свое учество зедоа и дел од магистрандите и докторандите на универзитетот.
Ивана Серафимовска