Одржана 11-та седница на Советот на Општина Брвеница
Советниците на општина Брвеница, вчера ја одржаа 11-та седница. На обемниот дневен ред во состав на оваа седница се најдоа вкупно 16 точки. Меѓу останатите точки на дневниот ред беше и точката за разгледување и усвојување на предлог-програмата за енергетска ефикасност на територија на Општина Брвеница за периодот од 2022 до 2024 година.
Покрај другите точки на вчерашната седница беше дискутирано и за точките изградба на детска градинка во село Челопек, формирање на Совет за заштита на потрошувачи и решавање на проблемот предизвикан од каснување од бездмони кучиња на територија на Општина Брвеница.
Ивана Серафимовска