Одржана 17-тата седница на Советот на Општина Тетово
Советниците на Општина Тетово денеска ја одржаа 17-тата седница. На дневниот ред се најдоа вкупно 11 точки, меѓу кои предлог-заклучок за овластување на градоначалникот на Општина Тетово за изработка на физибилити студија за ЈПП за изградба и одржување на нов објект на Општина Тетово како и предлог-финансиски извештај за работењето на ЈП Градски паркинг – Тетово и ЈКП Тетово.
Советниците одлучуваа и за усвојувањето на годишна програма на општинскиот совет за превенција на детското престапништво во Општина Тетово за 2023 година.
Ивана Серафимовска