Одржано финалето на турнирот во мал фудбал „Тетово 2023“

Во спортската сала на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, се одржа финалето на турнирот во мал фудбал „Тетово 2023“. Турнирот се реализира за првпат, а организаторите се надеваат дека ќе стане традиционален.  За најдобрите три екипи на турнирот следуваше пригоден награден фонд.

Вчеравечер во спортската сала на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, се одржа финалето на турнирот во мал фудбал „Тетово 2023“. На турнирот кој започна пред неколку дена, учество зедоа вкупно 21 екипа од полошко и Скопје. Овој турнир како што потенцираат организаторите се реализира за првпат, а истиот се надеваат дека ќе стане традиционален.

Во рамки на вчерашниот натпреварувачки ден, најпрво беше одигран натпреварот за трето место, потоа следуваше 10-минутен натпревар со фудбалски ветерани од Тетово, а на крајот се одигра финалето во кој победи екипа од Тетово. За најдобрите следуваше пригоден награден фонд.

Турнирот во мал фудбал „Тетово 2023“, организаторите го оценија како мошне успешен, реализиран во фер и коректна фудбалска атмосфера. 

Ивана Серафимовска