Одржан помен парастос по повод 19 годишнината од масакрот кај тетовско Вејце

По повод одбележувањето на 19 годишнината од загинувањето на осумината припадници на специјалните единици на полицијата, во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово беше одржана панихида.

Помен парастосот беше отслужен од свештениците од тетовското архирејско намесништво, во присуство на припадници на полицијата

Многу е важно да се одбележуваат ваквите настани, да не заборавиме на хероите, кои ги положија своите животи за одбрана на татковината, велат од кабинетот на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

За Ѕверското убиство кое се случи на денешен ден на патот кој ги поврзува тетовските села Селце и Вејце кај месноста Брезовица, каде животите ги загубија 8 македонски бранители никој не е осомничен ниту пак некој одговараше пред лицето на правдата.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!