Одржан регионален форум за утврдување на развојните потреби во Полошко

Проекти во кои најважна компонента ќе биде социјалната инклузија. Ова е целта на регионалните форуми кои се одржуваат во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“. Проектот го реализираат Министерството за локална самоуправа, заедно со центарот за развој на Полошкиот плански регион и со помош на Швајцарската агенција за развој. Ова е прв форум за годинава, каде што како што истакна министерот Горан милевски, ќе се дефинираат развојните потреби на регионот. Потребно е да се вклучат и граѓанските организации, со цел поквалитетни и повеќе предлози за проекти со кои подоцна ќе се аплицира во Швајцарската агенција за развој.

„Форумите се добри. Веќе втора година се имплементираат. Задоволни сме од тоа како се реализира процесот и затоа во новиот закон за рамномерен регионален развој којшто е усвоен и во Влада предложивме форумите да се воспостават законски и да важат и за финасиските средства кои што министерството преку Бирото за регионален развој ги доделува на регионите“, истакна министерот Милевски.

„Жени, лица со попреченост и такви инвестициски проекти се бараат кои ќе го подобрат животот на оваа категорија на граѓани. Во првата фаза ние со иновативен проект аплициравме за воспоставување на социјално претпријатие за угостителство. Намената ќе биде овозможување на обуки за угостителите, за келнерите, готвачите и слично“, рече Фатмир Саити од Полошкиот Плански Регион.

На регионалниот форум присуствуваше и градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, која истакна дека Швајцарска агенција за развој е особено важен партнер за општината.

„Како Полошки Плански Регион имаме повеќе проекти токму со овие донатори, така што можноста за инклузија на граѓаните и граѓанските организации дава една додена вредност. Дебатата ќе биде за проекти од типот на инклузија што сметаме дека се многу важни – не е толку важна големината на проектот, колку што е важен импактот што токму овој тип на проекти го имаат“, рече Арифи.

За размномерен регионален развој Влада издвојува осум милиони евра.

error: Content is protected !!