Од денес повторно началник на СВР Тетово е Амир Далипи

По само два дена поништени решенијата за смена на раководството на СВР Тетово.

Со одлука на Владата на Република Северна Македонија од 18 февруари 2020 година се поништени решенијата- Гоце Јанкулоски да биде поставен на функцијата началник на СВР Тетово, како и Амир Далипи да ја заземе функцијата дополнителен заменик-началник на СВР Тетово, донесени на 16 февруари 2020 година. Постапувајќи според оваа одлука, од денеска повторно началник на СВР Тетово е Амир Далипи, соопшти СВР Тетово.

Токму на предходната промена на раководните позиции во СВР Тетово реагираше дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, која истакна дека поради законски пречки, односно поради назначување во изборен период, таа одбила да го потпише назначувањето на Гоце Јанкулоски за началник на СВР Тетово.

error: Content is protected !!