Од денес се воведува електронски рецепт за хронична терапија

Електронскиот рецепт, кој ќе започне да се издава од денес, практично значи дека нема потреба хроничните болни да одат кај матичен лекар за да им биде препишан и издаден хартиен рецепт. Наместо да губат време за одење, чекање во ординации и враќање, корисниците на хроничната терапија   ќе треба телефонски да исконтактираат со својот матичен лекар и да добијат информација дека им е искреиран електронскиот рецепт. Потоа одат директно во аптека и со документ за лична идентификација ќе можат да ги подигнат пропишаните лекови. Предвидена е можност, друга личност да ја подигне терапијата во нивно име, доколку хроничните пациенти не можат лично да го сторат тоа.

 Од Фондот велат дека освен тоа што ќе придонесе за поефикасна заштита на пациентите и медицинскиот персонал од актуелниот корона-вирус, електронскиот рецепт ќе продолжи да функционира и по завршувањето на пандемијата со Ковид 19.

error: Content is protected !!