Од први симптоми до крај на болеста


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Температура, кашлица, отежнато дишење, губење мирис и вкус, но и контакт со сомнителен или веќе утврден случај на Ковид-19 – ова се работите кои се повторуваат во изминатите 9 месеци додека трае пандемијата со коронавирусот кога се работи за симптомите и начинот на трансмисија на истиот. Но, ова е и најголемата причина заради која веднаш треба да се консултирате со вашиот матичен лекар. Веќе долго време се повторуваат протоколите кои се применуваат за справување со епидемијата, а примарна треба да биде телефонската консултација со матичниот лекар кој потоа ќе го упати пациентот за следните чекори. Лекарот по општа медицина д-р Тимосије Јованоски со постапно објаснување за процедурата.

Во најголем број од случаите, лечењето започнува, но и завршува со симптоматска терапија, вели д-р Јованоски. 

Матичните лекари секојдневно ја следат состојбата на утврдените случаи со Ковид-19. Доколку лекарот процени дека на пациентот состојбата му е влошена и е потребен дополнителен третман, се консултира со дежурен инфектолог и се креира план за понатамошно лекување, дополнителни анализи или доколку е потребно и хоспитализација која се извршува преку Итната помош со претходна најава што ја координира исто така, матичниот лекар.