Од септември започнуваат со работа училиштата за странски јазици

Наставата во нив ќе се одвива според протоколите за работа за време на пандемија. 

По 6 месеци повторно приватните училишта за странски јазици ги отвораат вратите за своите ученици. Овојпат со намален број на места во група, со задолжителна дезинфекција и носење заштитни маски, како што налагаат протоколите за работа во време на пандемија. Во училиштето ВЕР од Тетово уписите, кои се во тек, се одвиваат преку телефон и онлајн.

Професорот по германски  јазик, Нинослав Србиновски, вели дека интересот за изучување на странски јазици во нашиот град постојано е голем, особено за германски, за побрз развој во кариерата.

Коронакризата не ги одмина ниту училиштата за странски јазици.  

Инаку училиштето за странски јазици ВЕР работи веќе трета година, освен за англиски, германски и шпански јазик во него се одржуваат и часови по шведски и јапонски јазик. 

error: Content is protected !!