Од 21 до 24 јуни во Тетово ќе се одржи Филмскиот фестивал „Watch out“
Отворањето на 11-тото издание на Филмскиот фестивал „Watch out“, во организација на Центарот LOJA ќе се одржи утре во 20 часот, а проекциите на филмовите ќе се случуваат во период од 4 дена. Ова издание ќе има богата програма на филмови и работилници од меѓународно признати филмски режисери, продуценти, автори и артисти. Влезот е слободен.
Оваа година, програмата на филмскиот фестивал носи разновисност на филмови од повеќе од 85 земји.
Јас се викам Луис и сум фанцуски волонтер тука во ЛОЈА. Среќна сум што помогнав со другите волонтери во преселекцијата на филмовите. Беше многу убаво затоа што има многу различности, многу земји и јас сум многу среќна што и помогнав на Лоја во ова.
Моето име е Албон и сум фанцуски волонтер во Лоја. Ние работевме на преселекција во Watch out фестивалот и беше многу убаво искуство зашто работевме сите заедно. Сакам да се заблагодарам на тимот на Лоја што ми ја даде оваа шанса да бидам дел од овој настан.
Инаку на претставници на ЛОЈА утре ќе им биде врачена награда од претседателот на државата за нивните заложби во изминативе 23 години од постоењето.
Данијела Билбилоска