Околу 350 лица лани во Гостивар се вработиле преку активните мерки на Владата

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5061

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4777

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Во очекување на објава на новиот оперативен план со активни мерки за вработување, институциите ги сумираат резултатите од минатата година. Од Центарот за вработување во Гостивар оценуваат дека пандемијата не влијаела врз темпото на реализација на мерките. Задоволни се од исходот и од тоа што немало застој во процесот. Преку мерките работа нашле околу 350 лица, кои претходно биле во евиденцијата на невработени.

„И покрај тоа што беше пандемија, немаше никакви пречки во спроведувањето на активните мерки за вработување. Околу 95% од мерките беа искористени“, вели Хисен Амзаи, раководител на Центарот.

Во Гостивар периодов течат обуките за дефицитарни занимања, фризери и слаткари. Невработените кои се пријавиле да ги следат по обуката, практичната работа и положување на предвидениот испит, ќе се стекнат со верификуван сертификат. Во меѓувреме добиваат месечен надоместок од 150 евра.  

Според последните податоци од Агенцијата за вработување, во регионот на Гостивар регистрирани се 11.559 невработени лица. На списокот евидентирани се 7.780 лица со основно или без никакво образование. Со завршено средно образование без работа се 2.530, со непотполно средно 449, а со вишо 53. Работа бараат и 681 граѓани кои завршиле факултет, а невработени се дури 66 магистри.

Од вкупно регистрираните невработени во регионот на Гостивар, 1.469 работа чекаат од 5 до 7 години, додека 316 по осум или над осум години.

Материалы по теме:

Персонал од Итна помош во Гостивар во изолација – потврден коронавирус кај медицинска сестра
Потврден е коронавирус кај медицинска сестра од службата за Итна помош во Здравствениот дом во Гостивар. Ова е прв и во моментот единствен случај ...
Наплив на позитивни пациенти за анализи во Лабараторијата на Здравствен дом во Гостивар
Тимот од Лабараторијата на Здравствениот дом во Гостивар со полни раце работа. Откако се воведоа анализите на Д-Дмери за корона позитивни на државен трошок, ...
Продолжува трендот на опаѓање на наталитетот во Гостивар
Во Гостивар годинава се родиле помалку бебиња во споредба со лани, истиот период. Но, опаѓањето на наталитетот не се поврзува со пандемијата на Ковид ...
Инклузивно игралиште за деца со попречености во Гостивар
И децата со посебни потреби веќе може да им се радуваат и да се забавуваат со детските игри во градскиот парк во Гостивар. Деновиве ...
Настани во Гостивар што ја одбележаа 2020-та година
Еве ја, новата, чиста 2021-ва година. Нов ден, нова нафака, вели поговорката. Така нека биде и со новата година, посакуваме ние. Оти таа, што ...