ОК на ВМРО ДМПНЕ Тетово положи цвеќе пред Споменикот на револуцијата по повод Денот на независноста

„Пред 31 година на овој ден, се случи голем настан. Се организираше референдум на кој народот масовно се изјасни за самостојна и суверена Република Македонија. Ние денеска имаме можност да живееме во слободна и независна држава благодарение на тоа. Ние секоја година го одбележуваме овој голем празник, затоа што празникот претставува поттик да работиме уште повеќе“, рече пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Александар Велјановски, по положувањето свежо цвеќе пред Споменикот во Тетово.