Оливера Пепиќ од Струмица – „Вешта Жена“ на Македонија за 2023 година

Во Тетово беше одржан републичкиот избор на „вешта жена“ за 2023 година. Титулата ја понесе Оливера Пепиќ од Струмица. Во гран-при категоријата, пак, победи Петра Атанасовска од Скопје. Тетовката Николина Николовска го освои првото место според гласовите од публика.

Оливера Пепиќ од Струмица е новата „вешта жена“ на Македонија за 2023 година откако на денешниот републички избор на истоимената манифестација што се одржа во Тетово, го освои првото место според гласовите на жирито.

Во категоријата гран-при во рамки на републичкиот избор на „вешта жена“ на Македонија, победи натпреварувачката Петра Атанасовска од Скопје.

Првото место, пак,  според гласовите од присутните гости, го освои Николина Николовска од Тетово.

Манифестацијата „Вешта жена“ и овојпат ја исполни својата главна цел – ширењето на љубов. 

Од здружението „Вешта жена“ следно за 28-ми мај го најавуваат одржувањето на манифестацијата „Етно вешта жена“ во Струмица.

Ивана Серафимовска