Општината со активности за подобрување на безбедноста на Индустриска


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Откако преку протест жителите кои живеат на улица „Видоја Смилевски-Бато“, укажаа на опасностите за пешаците во сообраќајот во тој дел, локалната самоуправа се фати за работа.

Општина Тетово започна со активности за подобрување на безбедноста на пешаците во делот на улицата „Видоја Смилевски-Бато“, позната како Индустриска кај ОУ „Кирил и Методиј“, откако пред две недели жителите одржаа протест, преку кој укажаа на опасностите во сообраќајот во тој дел. Поставени се грпки на патот, а се работи и на физичко раздвојување на булеварот.

„По одржаната одржа средба со претставници на иницијативниот одбор за регулирање на прашањето за безбедност на пешаците на бул. Индустриска на кој се разговараше  за проблемот со брзината на возење на овој патен правец, безбедноста на пешаците во сообраќајот општина Тетово започна со реализација на договореното и на терен  преземајќи мерки за минимизирање на можноста за сообраќајни несреќи во иднина. Од минатата недела се започна со изградба на физичко раздвојување помеѓу двата патни правци на Индустрискиот булевар, со што ќе се спречи минување на пешаците на места кои не се обележани како такви премини, а во следните денови  ќе инсталираме дополнителна вертикална сигнализација, а ќе ги обележиме и пешачките премини. Во овој дел на булеварот е предвидено работите комплетно да бидат завршени за  два месеци затоа што истото одвојување и сигнализација ќе се постават уште на неколку други точки, велат од Канцеларијата за односи со јавност при општина Тетово“.

Жителите велат дека веднаш се гледаат резултатите од преземените активности. Во изминатиот период сообраќајната полицијата со радар ги контролираше возачите со која брзина се движат, додека, пак, поставените грпки придонесуваат да се намали брзината. 

Граѓаните се благодарни, но прашуваат дали секогаш преку протест треба да се побара подобри услови за живот во градот? 

Инаку, пресудно за жителите да излезат на протест, беше сообраќајната несреќа која се случи токму на булеварот Индустриска минатиот месец, во која загина 6-годишно девојче, пешак. На оваа улица транзитираат голем број возила, а доста чести се и сообраќајните несреќи. Минатата година се случиле вкупно 50 сообраќајки, од кои 30 со повредени лица и 20 само со причинета материјална штета.