Општина Гостивар го одбележа Денот на настава на турски јазик
Во чест на Денот на наставата на турски јазик, 21 декември, Општина Гостивар организираше средба и дружење со пензионирани наставници Турци. Некогашните наставници во паралелките на турски јазик со гордост и возбуда се потсетија на деновите кога предавале во училиштата и упатија порака за достојна почит на кадарот кој дава знаење, но и ги воспитува децата.
Ваков начин на одбележување на празници врзани со просветата, стана традиција во Гостивар.
Во знак на благодарност за искажаната почит, наставникот во пензија Бедри Нуредин на градоначалникот му подари авторска книга, монографија за гостиварска Долна Бањица.
Денот на настава на турски јазик во Македонија се одбележува од 2007-ма година и е национален празник на Турците. Датумот е избран во чест на почетокот на наставата на турски јазик на 21 декември 1944 година, во основното училиште „Тефејуз“ во Скопје.