Општина Гостивар набави камион за одржување на улично осветлување

Општина Гостивар обезбеди новото специјално возило за одржување на јавното осветлување. Камионот е набавен со грант од Светска Банка од 2,6 милиони денари и партиципација на општината од 600 илјади денари.

„Ваков камион недостасуваше во општината, за екипата што работи на јавното осветлување. Се надевам ќе им олесни многу. Се случувало да задоцниме со интервенција, токму поради што сме немале вакво возило. Сега веќе нема оправдувања, ќе бидеме почесто на терен и ќе бидеме поефикасни во нашата работа, кога се работи за градското осветлување“, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Градоначалникот вели дека во вложувањето во јавното осветлување, особено обрнувале внимание да се користат штедливи светилки и дека на таков начин значително се намалиле трошоците. Во изминатиот период биле сменети околу 14 илјади улични светилки.

Новото возило ќе овозможи изведување на работи на висина од 14 метри и далечина од 8 метри. Освен општинската екипа, камионот по потреба ќе можат да го користат и јавните претпријатија.

error: Content is protected !!