Општина Желино добива прв Младински културен центар
Во Желино ќе биде отворен младински културен центар – работните активности се при крајот. Денеска увид во сработеното изврши вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, придружуван од генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт и градоначалникот на општината, Блерим Сејдиу. Инвестицијата е реализирана со средства од ТАВ програмата во висиина од 300 илјади евра.