Општина Тетово информира дека во понеделник ќе започнат работите за пробивање на булеварот „Благоја Тоска“

Градежните активности ќе започнат од делот кај текстилното училиште и ќе завршат кај  мостот во близина на Клиничката болница.

Од Општината велат дека се завршени сите подготовки, односно решени се имотно правните прашања, извршена е експропријација на земјиштето и сега нема никакви пречки за почеток на работите.

Од таму додаваат дека тоа е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што ќе создаде многу подобри услови за сите учесници во сообраќајот, а Булеварот „Благоја Тоска“ е главната клучка на градот бидејќи со пробивањето ќе се олесни сообраќајот на другите две главни оски во градо.

Активностите за негово пробивање започнаа во јули минатата година со рушење на објектите кои се наоѓаа на потегот каде треба поминува овој булевар. Работите беа сопрени поради несогласувања околу експропријација на земјиште на неколку граѓани со лолакните власти.

За овој проект се одобрени владини средства, преку ТАВ програмата, од Клиничкиот центар се до текстилното училиште, но за понатамошно пробивање на булеварот засега нема најави.

Данијела Билбилоска