Општина Тетово со трговско друштво за електрична енергија ќе штеди на пари

5-пати повисоките сметки за електрична енергија ја натераа Општина Тетово да формира друштво за производство и трговија со електрична енергија. Одлуката за неговото формирање ја изгласаа тетовските советници на денешната 4-та Седница со новиот состав.

            Ново трговско друштво во сопственост на Општина Тетово ќе тргува и произведува електрична енергија, со цел намалување на трошоци. Ќе се набавуваат тајмери за рестрикции на уличното осветлување, но и ќе се интегрираат фотоволтаични панели. Предлог-Одлуката за формирање на „Електро Тетова“ ДООЕЛ помина на Совет, но допрва ќе се изготвува физибилити студија.

Опозицијата гласаше против одлуката за формирање на трговското друштво. Велат дека до советниците не била доставена детална програма како ќе функционира и кој ќе има бенефит.  

На денешната седница се расправаше за вкупно 23 точки на дневниот ред.

Данијела Билбилоска