Османи – Секој треба да биде полицаец и лекар

Наместо колективни рестриктивни мерки, локалните кризни штабови да изнајдат начин за поголема комуникација со луѓето и нивно убедување за почитување на здравствените препораки, со цел намалување на ширење на вирусот. Ова го истакна вицепремиерот Бујар Османи кој е главен координатор на кризните штабови.

Вицепремиерот Бујар Османи истакна секој треба да биле лекар но и полицаец со цел заштита на себе си и своето семејство, во време на коронавирус. Порачи сите локални лидери во рамки на својата заедница да зборуваат за вирусот и опасноста од него.

Османи беше во посета на Општина Теарце. Се сретна со градоначалникот Исен Асани, кого го посочи како позитивен пример за преземање на соодветни мерки во време на коронавирус. Како што посочи, Асани не дозволил да се соберат луѓе за време на погребот на неговата сестра која почина неодамна.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!