Отворена модуларната ковид болница во Гостивар

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Гостивар доби современ и опремен модуларен ковид центар, со што се зголемија болничките капацитети за лекување на заболени со ковид за 35 легла. Новата монтажна болница е подготвена за прием на пациенти. Сепак моментално нема потреба да се активира, со оглед дека состојбата во Гостивар со коронавирусот е стабилна и бројката на хосиптализирани не надминува 10. На отворањето на ковид центарот присуствуваше  министерот за здравство Венко Филипче.

„Болницата е целосно е опремена со немедицинска опрема, а треба да стигне и најсовремениот дигитален рентген апарат и ехо апарат со сите потребни сонди што ќе го направи овој мини центар соодветен за третман на сите форми на пациенти со ковид. Секако во иднина, во други услови да служи како тријажен или ургентен центар“, изјави Филипче.

„За краток период од околу 60 дена болницата беше подигната и може да се користи. Остана уште последниот дел од проектот, да пристигнат рентген и ехо апаратот. Во болницата ќе се хоспитализираат пациенти со ковид, секако доколку има потреба од тоа, ако дојде до зголемување на бројките. Ние сме подготвени да одговориме на потребите“, рече директорот на болницата Јакуп Јакупи.

Пандемијата го извади на површина недостигот од инфектолози во земјава. Во градовите кадешто се отвораат модуларни болници, првично за пациентите ќе се грижи медицинскиот персонал од инфективните одделенија. Така ќе биде и во Гостивар. Ккао помош ќе бидат вклучени и други лекари, по систем на ротација.

Модуларниот ковид центар е изграден на местото на поранешниот објект на дијализа, веднаш спроти инфективното одделение.  Објектот е еден од 16-те вакви, кои државата ги подигнува како дополнителни капацитети за згрижување на пациенти заболени од ковид со финансии обезбедени со кредит од Светска банка.

Моментално заболени со ковид се хоспитализираат само на инфективно. Откако состојбата во Гостивар со заразата се стабилизираше, болницата ги затвори ковид центрите на интерно одделение и неврологија, кои беа активирани кога имаше наплив на пациенти.