Отворени денови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Од Тетово, градот во кој нема поднесено претставки за дискриминиција, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација започна со одржување на отворени денови, за да ги запознаат граѓаните како да ја препознаат и да ја пријават. Оваа година до Комисијата вкупно 171 лице се пожалило дека им било направно исклучување или ограничување врз основа на пол, политичко уверување, национална или етничка припадност, сексуална орентација и слично.

„Од вкупно 171 претставка годинава, имаме околу 40 тина каде сме утврдиле дека постои дискриминација. Кога утврдуваме дека постои дискриминација даваме препорака до дискриминаторот за тоа како да ја отстрани дискриминацијата и даваме рок за постапување. Доколку не ја отстанат тогаш имаме право како Комисија да поднесеме постапка пред надлежен суд за прекршоци, каде што казните се движат од 100 до 10 000 евра зависно дали се работи за приватно или правно лице. За жал во Тетово имаме добиено една или две претставки, за кои не бевме андлежни да одлучуваме, што укажува на фактот дека граѓаните не се запознаени со нашата работа или не препознаваат дискриминација“, изјави Исмаил Камбери, заменик претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Еднодневни настани под мотото ПРЕПОЗНАЈ, ПРИЈАВИ, СПРЕЧИ ДИСКРИМИНАЦИЈА, ќе се одржат во седум градови во земјава.

Данијела Билбилоска