Отворен дводневниот Саем за вработување и кариера во Младинскиот ресурсен центар „ I Can” во Гостивар
Целта на настанот е директно поврзување на младите невработени лица со приватниот сектор од Полошкиот регион и пополнување на отворените работни позиции во неколку индустрии, како и поттикнување дискусија за соодветните модели за младинско активирање на пазарот на трудот.
Заменик претседателот на Владата на РСМ, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како владини претставници, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Абдулменаф Беџети, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами и претседателот на Совет на Општина Гостивар, Валбон Лимани, како претставници на локалната власт, се обратија на отворањето на дводневниот Саем за вработување и кариера во Младинскиот ресурсен центар „ I Can” во Гостивар.