Отворен ден – РЦСОО “Моша Пијаде”-Тетово

РЦСОО Моша Пијаде-Тетово организира отворен ден за идните средношколци запознавајќи ги со струките и профилите кои ги нуди, со компаниите со кои имаме воспоставено соработка за практична обука на учениците, но и со генералните предности на стручното образование.
Во рамките на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ која Министерството за образование и наука втора година по ред ја спроведува со голема поддршка од Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“, a преку која се настојува да се подобри квалитетот на средното стручно образование и да се подигне неговата атрактивност како образование кое обезбедува подобра иднина за младите во нашата земја, На настанот ќе присуствуваат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, претставници на Министерството за образование и наука, претставници на дел од бизнис заедницата од општината и се разбира како домаќини директорот, стручната служба и наставниот кадар на училиштето.