„Отворен кабинет” на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Во Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска беше реализиран уште еден „Отворен кабинет” на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој оствари и работна средба со раководството на овој Сектор.

Пешаците – најризична категорија во сообраќајот. Пред неколку дена во ужасна сообраќајка несреќа загина 66-годишна жена, која беше прегазена од багер во центарот на Скопје. Минатиот петок малолетно девојче починало на пат кон болница, по удар од автомобил во скопската населба Шутка. Пред два дена во Битола, жена како пешак била удрена од автомобил и завршила со тешки телесни повреди, а вчера автомобил удрил и во пешак во Кочани.

Ова се само неколку од сообраќајките случени во изминатава недела. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, потпирајќи се на статистиките, вели дека има намалување на вкупниот број жртви во сообраќајот, а со тоа и подобрување на безбедноста.

„Ако го споредиме бројот на жртви во сообраќајот што е најтрагично нешто сме имале 2013 година прибилжно 200 жртви во сообраќајните незгоди, минатата година ја завршивме со 104, тенденцијата секоја година се намалува, меѓутоа статистичките податоци покажуваат дека овој сегмент на репресивно, превентивно делување, на ист број контроли имаме намален број прекршоци тоа покажува дека се повеќе луѓе внимаваат во овој дел“.  – изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

Според Спасовски важно е сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а за да нема селективност и нетранспарентност туку напротив да се преземат сите мерки за зголемување на безбедноста, во ресорното министерство во тек е имплементација на проект за електронско следење.

„Секако дека проектот којшто го најавуваме за воведување на камери, електронско следење на сообраќајот, тој ќе биде во имплементација и во текот, односно до крајот на оваа година,  јас очекувам дека ќе го имплементираме целосно проектот“.  – изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

Токму сообраќајните проблеми биле главните

Согласно презентираните показатели, безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на СВР Тетово е поволна и на задоволително ниво, што е особено важно за граѓаните од овој дел, но и во рамки на генералната безбедносна оценка за државата.

Данијела Билбилоска