Откриена спомен-бистата на загинатиот полицаец Дано Петрески

25 години од загинувањето на полицискиот службеник, Дано Петрески, од Брвеница, вчера беа одбележани со откривање на неговата спомен-биста во дворот од црквата „Свети Атанасиј“ во тетовска Брвеница. На одбележувањето присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, припадници на СВР Тетово, семејството, роднини, пријатели и познаници на загинатиот Петрески, кои исто така положија цвеќе пред споменикот.  Во своите говори министерот Спасовски и началникот на одделот за полиција при СВР Тетово, Бранислав Петревски, ја посочија храброста и пожртвуваноста на нивниот прерано загинат колега.

Инаку, полицискиот службеник Дано Петрески, е роден во 1962 година, а загинал на 7 септември 1997 година на 35-годишна возраст при извршување на службена должност во селото Долно Палчиште.

Ивана Серафимовска