Официјално пуштена во употреба детска градинка во Брвеница


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Денес во тетовска Брвеница официјално беше пуштена во употреба новата детска градинка „Сонце“. Со работа ќе започне за еден месец, а има капацитет да згрижи 65 деца.

Брвеница за првпат доби градинка во која ќе бидат згрижени децата од оваа општина. Објектот денес официјалното беше пуштен во употреба, а со работа се очекува да започне следниот месец.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска информираше дека градинката „Сонце“ има капацитет за 65 дечиња од предучилишна возраст.

Со глед на тоа дека во Брвеница има доселување на жители од околните места и од Тетово, оваа детска градинка беше неопходна, рече градоначалникот Енвер Пајазити.

Интересот за упис во новата градинка е голем, така што досега се пријавени 70-тина деца.