ОФМ го прекина првенството

ИО на ОФМ на последниот состанок донесе одлука за конечен прекин на првенствата во сите конкуренции. Одбојката е последниот спорт кој донесе ваква одлука, иако до последен момент постоеше надеж и желба за доигрување на првенството. Одлуката беше донесе после консултација со сите клубови, кои имаа заеднички став дека нема услови за доигрување на првенствата. Спорд одлуката на Извршниот одбор, оваа сезона нема да биде прогласен шампион во ниту една конкуренција, но пласманот на екипите во моментотт на прекинот ќе биде земен во предвид при рангирањето на клубовите за добивање на ваучерите од Агенцијата за Млади и Спорт и при распределбата на места во европските купови.

Во моментот на прекинот во машка конкуренција на првата позиција беше екипата на Вардар, Џио Струмица беше на второто место, додека двата претставници од тетовскиот регион Универзитет Тетово и Лирија од Жеровјане завршија на третата, односно четвртата позиција. Во женска конкуренција на првото место беше екипата на Вардар, пред Работнички и Наковски Волеј.

error: Content is protected !!