ОЈО Тетово со истрага против функционери за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство од Тетово води истрага против тројцата државни функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули за кривично дело злоупотреба на службената положба, објави денес Факултети.мк. Предметот е во фаза на предистражна постапка.

Основното јавно обвинителство, пак, случајот му го префрли на Тетовското јавно обвинителство бидејќи пријавените дејствија се извршени на подрачјето на град Тетово, каде што и се наоѓа Тетовскиот универзитет.

Пријава до Управата за финансиска полиција за тројцата функционери, предходно поднесе просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој тврди дека тие добивале хонорари од Тетовскиот универзитет за настава додека работните места им биле во мирување.

Инспекторот Илиевски при посетата на Општина Гостивар истакна дека државните функционери започнале да ги враќаат хонорарите, кои како што тврди незаконски им биле исплаќани.

-Јавните функционери, парите што ги зеле ги вратиле назад, што значи направен е кривичен прекршок, односно образовен криминал. Во една правна држава за вакво нешто веднаш се поднесуваат неотповикливи оставки, вели инспекторот Ѓорѓи Илиевски.

Од Основното јавно обвинителство Тетово не успеавме да добиеме информации до каде е истрагата против државните функционери.

Министерот Арбер Адеми еден од осомничените не беше достапен на телефон, а став за случајот не добивме од партијата ДУИ чии функционери се осомничени.   

error: Content is protected !!