Пазарната инспекција ги контролираше цените на продуктите

Државниот пазарен инспекторат попладнево вршеше контроли на цените на основните намирници по маркетите, за кои владата донесе одлука да не се зголемуваат. Велат дека по контролата во два тетовски маркети, утврдено е дека цените се движат во рамки на нормалата.

Се работи за цени на основни продукти како леб, брашно зејтин, но и одредени лекови во аптеките.

Министерот без ресор Исен Џемаили, рече дека се разгледува можноста и маските кои сега се најпотребни да бидат дел од основните продукти.

Од Државниот пазарен инспекторат, велат дека и понатаму ќе продолжат со контролите по маркетите и локалните продавници и во урбаните и во руралните средини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!