Пазарниот четврток помалку раздвижен од порано

Цените се исти, но луѓето немаат пари – вака ја опишуваат ситуацијата трговците на градскиот пазар во Тетово. Четврток во градот е пазарен ден и речиси секогаш се забележувала голема фреквенција на луѓе. Но, денес забележавме поинаква слика. Раздвиженоста беше мала, а на многу места нашата камера регистрираше и затворени тезги. Пазарџиите велат причина за послабата продажба е и студеното време, но и кризата заради пандемијата.

Заради студеното време во изминатиот период, голем дел од трговците велат дека воопшто не работеле, најмногу за да ја заштитат робата од замрзнување. Очекуваат со зголемувањето на температурите, да се зголеми и раздвиженоста на луѓето, за да можат да ги остварат приходите.