Пакети со хуманитарна помош за жртви на семејно насилство и за самохрани родители денес поделија волонтери на Црвениот крст Тетово

Во рамки на активностите на оваа организација продолжува организирањето  крводарителските акции и носењето лекови на повозрасните лица во период на пандемија.

Волонтери на Црвениот крст Тетово во соработка со Центарот за социјални работи денеска поделија хуманитарна помош за жртви на семејно насилство и за самохрани родители. Донацијата која се состои од пакети со храна и пакети со хигиенски средства е намената за 22 домаќинства.

За една недела 57 лица дарувале крв само во Службата за трансфузиологија, поради мерките за заштита од ширење на коронавирусот. Со олабавувањето на истите ќе се организираат и традиционалните крводарителски акции.

Перидов волонтери вршат достава на лекови на повозрасни граѓани и на лицата во државните карантини на Попова Шапка.

error: Content is protected !!