Пак одложени завршните зборови за судскиот предмет за пожарот во модуларната болница

Втор неуспешен обид да се дадат завршни зборови за случајот поврзан со пожарот во модуларната болница во Тетово. Поради отсуство на адвокатот на еден од обвинетите, поранешниот директор Артан Етеми, судијата го презакажа судењето.

Поради здравствени причини не присуствуваше адвокатот на еден од обвинетите, односно на Артан Етеми, по што судијата рече дека на следниот закажан термин за 29-ти мај задолжително ќе се одржи главната расправа и завршниот збор ќе биде даден и покрај тоа ако од неооправдани причини не дојде одбараната.

За пожарот во кој загинаа 14 лица обвинети се поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, за кое е обвинето и правното лице Клиничка болница, заедно со “предивикување општа опасност“.

И денес пред судот се собраа граѓани да му дадат поддршка на доктор Бобан.

Обвинетите на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.

Данијела Билбилоска