Пандемијата ги натера гостиварци повеќе да се грижат за здравјето

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Медицината докажала дека во борбата против вирусите и последиците кои ги предизвикуваат, најважен е имунитетот на организмот. Откако почна ковид пандемијата, лекарите ги советуваат граѓаните да работат на подобрување на својот одбранбен систем. Така, полесно ќе се справат со заразата, доколку дојдат во допир со неа.

Короната ги натера и гостиварци да водат поголема грижа за своето здравје и да делуваат превентивно. Во аптеките во Гостивар има зголемена побарувачка за витамини и препарати за зајакнување на имунитетот. На граѓаните им стана навика да ги купуваат, што не било случај порано, велат  фармацевтите.

„Доста повеќе се бараат витамини, имуностимуланси. Може да кажеме дека порасна свеста на граѓаните дека треба повеќе да обрнат внимание на своето здравје. Купуваат и заштитни маски.“, рече Алберт Селими, фармацевт.

Освен во аптеките, по извори на зајакнување на имунитетот гостиварци често свраќаат и до зелените тезги. Продавачите велат граѓаните периодов редовно купуваат поголеми количини овошје и зеленчук, особено лимони, за кои се знае дека содржат многу витамин ц.

Регионот на Гостивар од почетокот на месецов често е меѓу првите во Македонија по дневната бројка на новозаразени со коронавирус. Причината за тоа надлежните ја лоцираа во непочитувањето на мерките и препораките за заштита.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, неделниот биланс подрачјето го заокружи со 86 нови случаи.

Моментално бројот на активно болни се движи 240, од кои близу 200 се од Општина Гостивар, помал дел од Општина Врапчиште и само неколку во Маврово и Ростуше.  

Материалы по теме:

ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар стана дел од германскиот проект „Партнери на иднината“
Со потпишување на договор на пригоден настан, се официјализираше соработката меѓу Основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар и Гете институтот, со кој гостиварското ...
Градинките во Гостивар подготвени – Околу 160 родители се пријавиле да ги носат децата
Ковид пандемијата ги остави градинките без детски џагор скоро шест месеци. Откако се усвои протокол се чека на одлуката на Владата, кога ќе отпочнат ...
Критична е состојбата со коронавирус во Гостивар
Силниот есенски бран на коронавирусот не го одминува и регионот на Гостивар. Иако, состојбата на почетокот од есента беше стабилна, периодов секојдневно се бележат ...
Буџетот на Гостивар во првиот квартал реализиран со над 20%
Буџетот на Општина Гостивар во првите три месеци од годинава е реализиран со над 20%. Надлежните од Секторот за финансии ја оценуваат реализацијата како ...
За паушали на советниците во Тетово и Гостивар годишно се трошат по 104.000 евра
Вкупната годишна сума што ја добиваат членовите и претседателите на општинските совети во земјава надминува 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра. ...