Пандемијата го намали бројот прекршоците во сообраќајот

Во првите 6 месеца од годинава санкционирани се вкупно 3556 прекршоци.

Во изминатите шест месеци од оваа година на подрачјето на СВР Тетово вкупно откриени и законски санкционирани се 3556 сообраќајни прекршоци (ТЕ-2609 и ГВ-947) или над 8300 помалку во споредба со истиот период лани.

За санкционирање на овие прекршoци биле изготвени 2448 прекршочни (ТЕ-1607 и ГВ-841) и 1138 мандатни платни налози (ТЕ-1002 и ГВ-136), како и 5344 барања за поведување на прекршочна постапка против исто толку сторители (ТЕ-3661 и ГВ-1683).

Најмногу од прекршоците констатирани во првото полугодие (849) се однесувале на неприлагодена брзина според условите на патот, односно на пребрзо возење.Покрај тоа, кај 387 од контролираните возачи било утврдено дека ги управуваат возилата под дејство на алкохол, 171 возило-возач не држело страна на движење, 74 непочитувале првенство на минување и друго.

 Во првото полугодие, исто така, помал од лани за 57 е и вкупниот број на случени сообраќајни несреќи кој сега изнесува 365 (ТЕ-268 и ГВ-47), а речиси двојно помал е и бројот на загинатите лица 4 (ТЕ-3 и ГВ-1) наспроти минатогодишните 7 во истиот период.   

error: Content is protected !!