Пандемијата со Ковид 19 во Тетово зема замав

Високи бројки на нови случаи се регистрираат секојдневно, а болничките капацитети се полнат. За да се опслужат сите пациенти кои имаат потреба, се пренаменуваат нови одделенија.

Состојбата со ковид пандемијата во Тетово веќе извесен период е алармантна. Високи двоцифрени бројки на нови случаи се регистрираат секојдневно. Болничките капацитети се полнат, медицинскиот персонал се заморува.

Поради напливот на пациенти во Клиничката болница во Тетово, покрај на Инфективното одделение, се примаат и на двата ката во интерниот оддел. Моментално се хоспитализирани 49 пациенти, а за два дена починале три лица над 65-годишна возраст со коморбидитети.

Од раководството велат дека има капацитет, направена е и реорганизација на кадарот, а олеснителна околност е што на одделенијата има централен довод на кислород.

И покрај сериозноста на ситуацијата дел од граѓаните се уште не веруваат во вирусот.

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, заклучно вчера во Тетово и околните 5 општини има 1037 активно заразени со коронавирус, а од почетокот на пандемијата досега се регистрирани вкупно 3056.

error: Content is protected !!