Панел дискусија во Тетово за подигање на свеста од важноста за инклузивно образование
Во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, во Тетово се одржа панел дискусија за подигање на свеста од важноста за инклузивно образование, како и да се убедат локалните самоуправи да ги стипендираат учениците со попреченост. Низ цела држава преку проектот доделни се 474 стипендии на ученици во 62 општини.
Со цел да се разговара за инклузијата и инклузивното образование, да се претстават локалните текови на полето на инклузија, денес во Тетово се одржа панел дискусија во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.
Преку овој проект се стипендираат над 470 ученици со попреченост кои се запишани во основни училишта во земјава.
Проектот кој го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, а вo соработка со Министерството за образование и наука, има за цел квалитетно и инклузивно основно образование со цел секое дете да има еднакви можности за развој, учење и остварување на своите потенцијали.
Данијела Билбилоска