Панел дискусија на тема „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Северна Македонија “
Американската амбасадорка Ангела Прајс Агелер денес учествуваше на панел дискусија со жителите на Гостивар. Со присутните од различни професии и возрасти дискутираше кои се предизвиците и иднината на Република Северна Македонија.
„Ова е навистина фантастичен настан и се радувам што ќе слушнам од луѓето тука, посебно од младите лица, како тие ги гледаат предизвиците и можностите денеска во оваа земја, Северна Македонија. Почестена сум што сум повикана и се радувам не само што ќе одговорам на нивните прашања, туку и што ќе слушнам за нивните погледи, како тие ги гледаат на можностите за иднината, затоа што мислам дека ќе има критички мислења и богата дискусија“, рече Ангела Прајс Агелер амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје.
„Овој формат на панел дискусии е создаден каде што граѓаните, младите и другите чинители можат да дискутираат со именувани или избрани претставници на власта, но и други јавни личности кои можат да ги споделат нивните видувања но и нивните преспективи за нашата држава, или било што не засега како општество“, рече Сефер Селими, извршен директор на Здружението за унапредување на демократијата – Демокраси Лаб.