Панел-дискусија на УЈИЕ за енергетската и инфлаторната криза

Панел-дискусија на тема „Енергетска и инфлаторна криза“, денеска беше одржана на Универзитетот на Југоистична Европа во Тетово. Панелисти на денешниот настан беа ректорот на Универзитетот, Абдлуменаф Беџети и поранешниот претседател на Владата на РСМ, Зоран Заев. Размената на мислења, ставови и констатации помеѓу панелистите и студентите од Унивезитетот, ја надополни оваа панел-дискусија.

Поранешниот претседател на Владата на РСМ, Зоран Заев, истакна дека неговата цел на дебатата била да извлече паралела гледајќи ја енергетската и економската криза од аспект на поранешен премиер.

Денешната дебата беше организирана од страна на Студентскиот парламент и студентската асоцијација на УЈИЕ.

Ивана Серафимовска