Парични награди за најдобрите ученици во Гостивар

Најуспешните пет ученици од основните и средни училишта во Гостивар, добија награди од по 5.000 денари од општината. Ваучерите им ги врачи градоначалникот Арбен Таравари, кој им посака добри резултати и успеси и во иднина.

„Во мојот кабинет ги пречекувам најдобрите ученици што беа прогласени на 23-ти декември кога беше Ден на општината. Денеска повторно се гледам со нив, за да им дадеме една мала сума на пари, но да биде мотив за нив да учат уште повеќе и идната година повторно да бидат најдобри.“, изјави градоначалникот.

Од средните училишта, како најдобри ученици беа прогласени: Флоја Зендели,  Костанца Билбилоска и Нусејба Ханчи, сите три од гостиварската гимназија. Од основните училишта награди добија: Бехра Беќири од ОУ „Фаик Коница“ Дебреше и Илина Димитриеска од ОУ „Гоце Делчев“.

error: Content is protected !!