Пензионерите пред предизвици во економска криза

Тетовските пензионери пред многу предизвици. како месечната пензија да стигне за сите трошоци? Каде можат да се сместат доколку останат сами? Од Здружението на пензионери помагаат на најраливите катергории, според нивните можности, па велат државата е таа која треба да помогне да се подобри нивниот стандард.

Повеќе од половина од тетовските пензионери се претежно со ниски примања, затоа што најчесто доаѓаат од текстилниот сектор, каде земале мали плати. Сега со зголемувањето на потрошувачката кошница едвај врзуваај крај со крај со месецот. Со одливот на младите надвор од државата оставени се сами, но Тетово нема дом за стари лица, а нема услови и во собите кои ги има во овдешното Здружение на пензионери. Локалните власти на 6-те тетовски  општини не соработуваат со Здружението.

Како претседател на огранок, Бајрам Мурсели, вели дека секојдневно кај него се обраќаат пензионери кои бараат помош.

Владините мерки за помош не се доволни, затоа што се еднократни, а пензиите заостануваат зад постојаниот раст на трошоци. Незадоволството е со начинот на усогласување на пензии, велат од Здружението.

Тетовското Здружение во рамки на своите можности помага на членовите, годинава одреди поголема сума, за 500 вредносни ваучери за поголемите празници, за пензионери со потешки операциони зафати, или кои претрпеле штети од елементарни непогоди.

Според податоците за февруари 2023 година Здружението брои 13.631 член.

Данијела Билбилоска