Периодов расте загадувањето на воздухот во Гостивар

Загадувањето на воздухот во Гостивар периодов оди во нагорна линија. Мерните станици покажуваат високо ниво на штетни ПМ 10 честички, особено во вечерните часови. Но и без да се погледнат ваквите показатели, според непријатниот мирис што се чувствува,   јасно е дека воздухот не е чист. Еколозите предупредуваат на сериозните последици по здравјето од аерозагадувањето, кои се уште позагржувачки во време на пандемија.

„Загадениот воздух е тивок убиец. Доведува до белодродбни, кардиоваскуларни заболувања, излив, канцери. Во време на пандемија го олеснува продорот на вирусите до белите дробови. Истражувањата покажуваат дека 15% смртноста од ковид 19 е зголемена во градови и земји каде има огромно загадување на воздухот, а ние спаѓаме меѓу првите по загаденост во Европа.“, вели Валентина Штерјоска од ГвЕко.

Како прочистувач на воздухот зеленилото е незаменливо оружје против загадувањето. Еко активистите постојано се залагаат за подигнување на нови зелени површини, а сега предлагаат и поставување на таканаречени столбови на урбано зеленило, чија функција заменува над 270 дрвја.

„Како екологисти планираме наредниот период да се направи една ревизија на урбанистичкот план, да се зголемат јавните површини кои ќе бидат засадени со убрано зеленило. Во светот веќе се користат и тие столбови на урбано зеленило, еден таков столб од мов може да замени 275 дрвја. Еве, давам предлог, апел до општината, до Советот во наредниот буџет да предвидат повеќе средства за да се зголеми тоа урбано зеленило“, нагласува Штерјоска.

Грејната сезона има големо влијание врз аерозагадувањето, но и ефектот од густиот сообраќај не е за занемарување. Според податоците од Министерството за животна средина годинава Гостивар имал 72 дена со надминување на средните вредности на пм10 честички, што е двојно повеќе од дозволеното.

error: Content is protected !!