Петта изложба на делата од ликовната и филмската работилница на Максимовски и Кондовски


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Млади и талентирани лица утре во Музејот на град Тетово ќе го изложат сработеното од годинава која изминува. Работилницата на ликовниот уметник Славчо Максимовски, од годинава е надополнета и со филмска работилница предводена од Глигор Кондовски. Двајцата на младите креативци од Тетово и околината им ги пренесуваат своите знаења и искуства, а утре ќе ја одржат својата петта ликовна изложба, на која се добредојдени сите заинтересирани за уметноста.

Дел од работилницата се ученици кои се присутни уште од самиот почеток.

Дел од работилницата се деца од основното и средното образование. Максимовски вели дека талентот кај децата е огромен, а работилницата е само дополнителна можност за нивен развој. Тој додава дека се надева оти во скора иднина ваквите проекти ќе наидат на поддршка и од локалната самоуправа бидејќи како што вели, се работи за развојот на културата и уметноста во регионот воопшто.