Печалбарите ја раздвижија економијата во полошко


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

За време на празничните денови поголем број иселеници се вратија во своето родно место.

Со доаѓањето на исселениците во своите родни места се раздвижи економијата во полошкиот регион. Се зголеми прометот во трговските и угостителските објекти. Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, вели дека се очекува подобра зима од економски аспект.

И градоначалникот на општина Боговиње, Аљбон Џемаили, вели дека се добредојдени средствата кои ги трошат печалбарите во нашата земја.

Според неофицијални информации се организираат свадби и веридби, па оттаму градоначалничката Арифи, со порака граѓаните да се возрадржат од групирања бидејќи ќе има време понатаму и за убави настани.

Поради гужвите кои се создаваат со доаѓањето на иселениците лекарите, пак, стравуваат дека за две недели може да има покачување на бројот на нови случаи со ковид 19 доколку не се почитуваат мерките за заштита.