Планинарска Инстаграм Тура Лешница

Планинарска Инстаграм Тура вчера се организираше на Лешница, како дел од кампањата за прогласување на Шар Планина за национален парк.

Во рамките на кампањата за прогласување на Шар Планина за национален парк, вчера беше организирана Планинарска Инстаграм Тура Лешница

Околу 60 учесници учествуваа на оваа тура и ги посетија убавините на Лешница и Кривошиските Водопади.

Целта на турата беше запознавање на вредностите на средишниот дел од Шар Планина и поддршка на процесот за прогласување на Шар Планина за Национален Парк!

Фотографиите направени од убавините на овие планински предели, секој учесник може да ги реобјави на својот профил со #ДаЈаЗаштитимеШара и #letëmbrojmëmalinSharr

Инаку кампањата за прогласување на Шар Планина за национален парк се спроведува од страна на Центарот за едукација и развој – ЦЕД во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за животна средина на ОН.

error: Content is protected !!