Повеќе од 100 професионалци од медиумите од целиот Западен Балкан се собраа во Тирана.
Регионалната конференција „Независното новинарство е важно“, во организација на проектот „Media for All“, се одржа на 9 и 10 март во Тирана. Во текот на овие два дена, повеќе од 100 новинари, уредници, меѓународни и регионални експерти и претставници учествуваа во дискусии и панел-дискусии.
Воведните говори ги одржаа Миа Марзук, заменичка-шефица на Мисијата на Британската амбасада во Тирана, и Лариса Халиловиќ, експертка за меѓународен развој и лидерка на тимот на „Media for All“.
Преку разни интерактивни сесии, конференцијата беше фокусирана на прикажување приказни и перспективи на жените и младите во медиумите од Западен Балкан.
Новинарите и новинарките ги споделија нивните искуства и приказни за влијанието на проектот постигнато преку обука, менторство и вмрежување и ги истражуваа основните вредности на професионалците од медиумите на локално и меѓународно ниво. Покрај интегритетот, веродостојноста и заштитата на човековите права, беше истакнато дека солидарноста, соработката и емпатијата се од суштинско значење за подобрување на статусот на жените и младите во редакциите и пошироко.
Конференцијата претставуваше и можност да се истакнат важноста и достигнувањата на медиумите учесници, сериозно посветени на постојано практикување на етичкото новинарство во најдобар интерес на нивните заедници, и покрај предизвиците со кои секојдневно се соочуваат како мали локални медиуми.