Повик до сите хумани граѓани да даруваат крв во Службата за транфузиологија во Тетово, во периодот од 8 до 14.30 часот.

Од Општинската организација на Црвениот крст Тетово упатуваат повик до сите хумани граѓани да даруваат крв во просториите на Службата за транфузиологија при Клиничката болница во Тетово. Со оглед на моменталната ситуација поради мерките за заштита од ширење на коронавирусот, не се организираат крводарителни акции како и досега.

Потреби од крв и крвни елементи има секогаш.

Инаку, од почетокот на пандемијата крводарувањето се одвива само во Службата за транфузиологија, а интересот е на задоволително ниво.

error: Content is protected !!