Повисоки сообраќајни знаци во Тетово


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

30-тина сообраќајни знаци годишно се евидентираат како оштетени во Општина Тетово. Со поставување на повисоки столбови надлежните се надеваат дека ќе се избегнат ваквите појави.

Сообраќајните знаци и улични патокази постојано се мета на несовесни граѓани. Во општина Тетово годишно се евидентираат како оштетени до 30-тина знаци. Се кршат, се откорнуваат и се шкртаат.

За да се избегне ваквата појава од Секторот за комунални дејности перидов на неколку места во градот поставуваат сообраќајни знаци на столбови од 4 метра, од кои половина метар мора да биде под земја.

Граѓаните, пак, велат дека оштетувањето на вертикалната сигнализација е поради отсуство на елементарна култура и ваквиот чекор нема да има ефект.

Според дипломираниот сообраќаен инженер, Зоран Ѓорѓевски, примената на висина надвор од стандардната, иако на прв поглед изгледа дека битно нема да ја наруши безбедноста, сепак има влијание на воочливоста. Затоа, тој препорачува да се почитуваат стандардите, но и да се земе предвид околината каде знакот се поставува.

„ Стандардот е јасен и дефиниран со членот 98 став 2 од „Правилникот за сообраќајни знаци, опрема и сигнализација на патот“кој се ондесува на поставување на знаците во населено место на висина од 0.3 до 2.2 метри. Поставувањето на висина поголема од 2.2 метри можеби е во интерес на безбедноста на пешаците кои се движат во зоната на поставениот знак, но поголемата висина од 2.20 метри, по правило, може да ја намали воочливоста на содржината на знакот од страна на возачите, бидејќи се приближува кон надворешноста на нивното видно поле каде јасноста веќе не е иста како во рамките на дефинираниот стадард“, вели Ѓорѓевски.

Инаку постарите модели на сообраќајните знаци во градот се 180 сантиметри.